
Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување
Во срцето на градот, каде што ритамот на секојдневието е брз и динамичен, се наоѓа едно вистинско кулинарско прибежиште – ресторанот Daily Food & Wine. Со концепт што обединува врвна гастрономија, префинет ентериер и внимателно одбрана винска листа, Daily Food & Wine претставува повеќе од ресторан – тој е доживување што ги задоволува сите сетила.
Овој модерен ресторан е создаден како простор каде што секој гостин ќе најде место за мир, инспирација и уживање. Ентериерот е внимателно осмислен – со тонови кои создаваат пријатна атмосфера, идеална и за деловен ручек и за интимна вечера. Амбиентот е збогатен со тивка музика и внимателна услуга која дава посебен шмек на секоја посета.
Гастрономија инспирирана од сезоната и креативноста
Менијата на Daily Food & Wine се темелат на сезонски, свежи и внимателно одбрани состојки. Главниот фокус е на квалитетот и креативниот пристап кон секое јадење. Кујната претставува фузија од медитерански, европски и модерни гастрономски влијанија, со јадења кои се подготвуваат со прецизност и страст.
Простор за секој момент
Daily Food & Wine е совршен избор и за деловни средби, и за приватни прослави, brunch со пријателите или вечерна дегустација со музика во живо. Ресторанот нуди можност за организирање приватни настани, тематски вечери и гастрономски искуства кои се во чекор со светските трендови. Просторот е флексибилен, стилски и топло прифатлив, а секој детаљ е внимателно дизајниран за да создаде автентично и незаборавно доживување.
Виното како дел од приказната – нови француски вина во Daily Food & Wine
Посебно место во приказната на овој ресторан зазема винската култура. Винската листа опфаќа врвни етикети од најдобрите македонски винарии, како и внимателно селектирани интернационални вина. Секое вино е избрано со цел да го надополни гастрономското искуство, а професионалниот персонал секогаш е подготвен да препорача идеална препорака со јадењата од менито.
Накратко да ве запознаеме со Domaine Tropez...
Ако копнеете по вкусот на Франција, по медитеранското сонце во чаша и по моменти што мирисаат на лето, тогаш овие вина се создадени за вас. Domaine Tropez Rosé и Crazy Tropez Rosé се повеќе од обични вина – тие се вистински амбасадори на уживањето, елеганцијата и животот без компромис.
Се работи за современа винарија лоцирана во срцето на заливот Сен-Тропе, основана во 1996 година од Грегуар Ше во чест на неговиот дедо, Тропез Беро. Со површина од 50 хектари, лозјата се протегаат низ регионот Кот де Прованс и се одгледуваат според принципите на органско земјоделство, со акцент на зачувување на природата и минимална употреба на хемикалии.
Domaine Tropez Rosé- Côtes de Provence
Ова елегантно розе вино од бербата 2023 е составено од 80% Гренаш, 10% Рол и 10% Сира. Има нежна, бледо розова боја со сребрени отсјаи и неодоливи ароми на тропско овошје, бела праска и суптилни цветни ноти. Вкусот е свилен и хармоничен, со свежо овошје, минералност и долготраен финиш. Идеално е за летни вечери, гурмански чинии и мигови што се паметат.
Crazy Tropez Rosé
Со својата жива, лососова нијанса и ароми на цитрус и егзотично овошје, ова вино плени уште од првиот контакт. Составено од 60% Гренаш и 40% Сенсо, Crazy Tropez Rosé е свежо, овошно и ведро вино, создадено да го пренесе духот на Медитеранот во секоја чаша. Балансирано, лесно и совршено за секојдневна елеганција.
Daily Food & Wine е место каде секојдневието станува празник, а храната и виното се претвораат во незаборавна приказна. Оние што еднаш го посетиле, се враќаат повторно – затоа што тука не се служи само храна, туку се создаваат моменти, се споделуваат насмевки и се ужива со сите сетила.
ПР објава