
УНИБанка АД Скопје ќе ја исплати третата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од третата емисија
УНИБанка АД Скопје на 25.04.2025 година ќе ја исплати третата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200037 и шифра UNIPO3. Известувањето за исплатата на каматата е објавено од страна на Банката преку Соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаат сите лица регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 24.04.2025 година.
Како потсетување, во октомври 2023 година УНИБанка АД Скопје ја издаде третата емисија на перпетуални обврзници во Република Северна Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.
Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 1,35 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 6% на годишно ниво за првите пет години, по завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 8%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.
Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.
За повеќе информации:
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ СО ИНВЕСТИТОРИ
Ѕвонко Станковски
Директор на Дирекција за Односи со инвеститори и Секретаријат
Е-mail zvonko.stankovski@unibank.com.mk