Професори, уметници, стопанственици со значајни остварувања ќе говорат на „Чувари на мудроста“

Професори, уметници, стопанственици со значајни остварувања ќе говорат на „Чувари на мудроста“

Објавена во: После „Школо“ // PR

Професори, уметници, стопанственици, личности со богата животна и професионална трага ќе бидат говорници на конференцијата „Чувари на мудроста“, која трета година по ред, традиционално ја организира Халкбанк. Девет успешни и влијателни професионалци во различни области, распоредени во три панели, ќе ги пренесат своите искуства, знаења и приказни на студенти, млади претприемачи, културни работници и претставници на стартап компании.

Првиот панел, насловен „Уметност на живеењето – на сцената и во реалноста“ е посветен на уметноста како вештина на изразување и творење, но и на носење животни одлуки. На оваа тема ќе говорат академик Влада Урошевиќ, истакнат македонски писател, кој сè уште е активен и во десеттата деценија од животот и Снежана Конеска Руси, една од најангажираните македонски актерки, која неодамна ја доби наградата за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Вториот панел, „Курикулум на животниот и професионален развој“ ќе обедини професор, академик, стопанственик и поранешен Гувернер. Професорот по економски науки, академик Абдулменаф Беџети, професорот по административно право и јавна администрација, Борче Давитковски и професорот Љубе Трпески, кој во својата кариера беше професор на Економскиот факултет во Скопје, министер и Гувернер на Народната Банка ќе одржат едно поинакво предавање пред студентите. Дел од дискусијата ќе биде и Муарем Муртезани, истакнат стопанственик, кој од бизнис аспект ќе се надоврзе на дискусијата за предизвиците на патот на динамичниот животен и професионален развој на секој човек.

Третиот панел ќе го долови шармот на музиката како професија, животна определба и ритам на животот. На тема „Живот во ритам на музиката“ пред студентите и младите ќе говорат легендарниот музички новинар и диџеј, Драган Б. Костиќ, доајенката на македонската народна музика, Блага Петреска и велешкиот Страдивари – светски познатиот изработувачот на виолини, Светозар Богданоски.

Панелите ќе бидат во формат на форуми и сите присутни ќе можат да постават прашања и да ги споделат своите размислувања со говорниците.

Конференцијата „Чувари на мудроста“ ќе се одржи на 28 мај (среда), на Економскиот факултет во Скопје, во Амфитеатар 1. Настанот е бесплатен и отворен за сите, но заради ограничениот капацитет, неопходно е пријавување на присуството со пополнување онлајн формулар за регистрација


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: