Ракот треба да внимава на односи со колегите, рибите да филтрираат чувства: Дневен хороскоп за 20 мај
Што велат ѕвездите за денеска
Овен
Љубов:
Партнерот не може да ви пренесе се што би сакале да слушнете или видите. За жал, останувате лишени од различни потреби.
Работа:
Не верувате во нечии ветувања, барате убедливи докази или гаранција за деловен договор. Бидете внимателни пред соработниците.
Здравје:
Некои од техниките за психолошка релаксација ќе ве задоволат.
Бик
Љубов:
„Деталите“ кои мудро ги премолчувате имаат повеќе значење од работите кои му ги соопштувате на љубовниот партнер.
Работа:
Нечија приказна изгледа неубедлива и претерана според вашето мислење, па се потпирате на личното расудување и способности.
Здравје:
Треба да ја подобрите вашата кондиција.
Близнаци
Љубов:
Нема потреба да бидете премногу строги или каприциозни со саканата личност, покажете повеќе нежност и разбирање во секој поглед.
Работа:
Важно е правилно да се разбирате со колегите или јасно да ги дефинирате заедничките правила во деловната соработка.
Здравје:
Избегнувајте нездрава исхрана или прекумерно консумирање цигари и алкохол.
Рак
Љубов:
Емоционалните дилеми не треба да се продлабочуваат со погрешни одговори, партнерот очекува да ги исполните ветувањата.
Работа:
Кога се среќавате со колегите, понекогаш ви недостасува трпение и чувство за дипломатски манири.
Здравје:
Направете пауза и забавете го бурното темпо.
Лав
Љубов:
Изгледате загрижено. Но, избегнувајте го принципот на казна или ривалство во односот со саканата личност.
Работа:
Имате претчувство дека некој ве залажува или дека ви се провлекува добра деловна можност. Почекајте подобри услови.
Здравје:
Важно е правилно да ги контролирате вашите внатрешни конфликти.
Девица
Љубов:
Нема потреба да ги потценувате можностите на партнерот или да се занесувате со субјективни проценки.
Работа:
Избегнувајте прекумерна изложеност и не зборувајте за работи кои претставуваат потенцијален ризик.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои негативно влијаат на вашето здравје.
Следна страна