Заспал во дресот на омилениот клуб, се разбудил во урнатини: Тинејџер пронајде по 119 часа, сите зборуваат за ова чудо

Заспал во дресот на омилениот клуб, се разбудил во урнатини: Тинејџер пронајде по 119 часа, сите зборуваат за ова чудо

Објавена во: Живот // Живот

Неверојатна сцена...

16-годишното момче е извлечено живо од урнатините во турскиот град Кахраманмараш 119 часа по првиот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.

Драматичното видео кое го објави Си-Ен-Ен прикажува како го извлекуваат момчето со насмевка на лицето и како што изгледа, момчето е во добра состојба.

Спасувачите кажаа деа почнале да го извлекуваат откако му го слушнале гласот под урнатините, а на површина го дочекало семејството кое веднаш почнало да го опсипува со бакнежи.


Вечерта пред земјотресот си легнал во дресот на Фенербахче, бидејќи натпреварот бил закажан за денот потоа и бил извлечен во него. Неговата фотографија ја сподели и фудбалскиот клуб на социјалните мрежи.

„Вечерва, по 119 часа и со солзи во очите, повторно поверувавме во чуда! Нѐ очекуваат уште многу натпревари, те чекаме Камилчан“ - напишаа тие на својата Фејсбук страница.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: