Судбина или случајност: Самохрана мајка посвои девојче не знаејќи дека е сестра на претходно посвоениот син

Судбина или случајност: Самохрана мајка посвои девојче не знаејќи дека е сестра на претходно посвоениот син

Објавена во: Совети // Семејство

Самохрана мајка посвојува напуштено девојче, не знаејќи дека е биолошка сестра на нејзиниот посвоен син.

Кејти Пејџ се разделила со нејзиниот сопруг во раните триесетти години, сепак, била решена дека нема да биде депресивна поради тоа.
Таа купила нов дом во Колорадо, започнала нова кариера и станала самохрана мајка. Отсекогаш имала проблеми со плодноста, но знаела дека ќе посвои деца еден ден. Во 2016 година, посвоила четиридневно момче, оставено во локалната болница. Тогаш и се сменил животот на Кејти.

Го именувала момчето Грејсон. Нешто помалку од една година подоцна, таа сметала дека е исправно време да посвои второ дете. 

Второто новороденче беше напуштено во истата болница каде што беше и Грејсон. Овој пат новороденчето беше девојче. Кејти вели дека нешто во неа и кажувало дека мора да каже „да“ за новиот член на семејството.

Кога Кејти стасала во болницата каде било девојчето по име Хана, ја погледнала нејзината болничката нараквица и останала во неверување. Името на мајката наведена на нараквицата на Хана беше исто со мајката на Грејсон. Роденденот на мајката исто така беше ист. Кејти се посомневала дека Хана е помладата сестра на Грејсон.

За да биде сигурна, по извесно време ја нашла мајката на Хана,која потврдила дека родила бебе околу една година пред да се роди Хана. Кејти отиде чекор подалеку и направи ДНК-тестови на децата. Тие навистина испаднале полубрат и сестра.


Кејтисега е горда што ги има братчето и сестрата заедно под нејзиниот кров и ги одгледува како свои деца.


извор: Апост


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: