Џеси Џеј има нов албум!
Британската пејачка Џеси Џеј во петокот го објави својот нов албум!
Таа албумот "This Christmas Day" го имаше најавено на нејзиниот инстаграм профил уште пред еден месец, каде изјави дека првичната идеја за да сними ваков албум ја добила при крајот на јули. Тогаш направила листа од сите продуценти со кои би сакала да соработува и била пресреќна кога СИТЕ ја прифатиле нејзината понуда.
Исто така, Џеси изјави дека албумот го снимила за САМО 14 дена, во период кој ѝ беше исполнет со многу настапи, како дел од турнејата R.O.S.E., посветена на нејзиниот претпоследен албум.
Ние знаеме што ќе слушаме овој декември!
Photo credits: @jessiej