Докторите ѝ ги ампутирале екстремитетите, но таа никогаш не изгубила надеж: Има само еден одговор за тоа дали ѝ недостасува поранешниот живот

Докторите ѝ ги ампутирале екстремитетите, но таа никогаш не изгубила надеж: Има само еден одговор за тоа дали ѝ недостасува поранешниот живот

Објавена во: Живот // Живот

За да преживее, докторите морале да ѝ ги отстранат рацете и нозете. И покрај сето тоа, таа никогаш не изгубила надеж.

Бенџамин и Ајлин Паркер имале три деца и живееле прекрасен живот, сѐ додека нешто драстично не се случило и нивниот живот засекогаш се променил.

Во декември 2018 година целото семејство се подготвувало за Божиќ, кога колега од црквата го замолил Бенџамин да оди кај него на неколку минути. 4 декември е денот кој никогаш нема да го заборават, роденден на Шарлот. Ајлин била на родителска со нејзините две најмлади деца.

Розали е нивната настара ќерка, а потоа следуваат 7-годишната Мајк и 4-годишната Шарлот.

„Денот кога е родена, таа одлучи да пристигне и уште од самото раѓање имаше жив карактер и силен дух. Дефинитивно сака кога сѐ е по нејзино“ - се присетува Бенџамин.

Ајлин ја опиша Розали како мими-мајка, бидејќи сакала да се грижи за братот и сестрата.

Бенџамин ја земал Розали и заминале во куќата на еден нивен пријател, која им била по пат.

„Паркиравме точно пред куќата, а јас не видов дека доаѓа друг автомобил и така се направив судар“ - откри Бенџамин.

Тој се здобил со полесни повреди, но Разили се здобила со напукнување на реброто и сериозно оштетување на црниот дроб, па итно била пренесена во болница.

„Она на што се сеќавам е дека по несреќата мораа да ме подигнат, по што ме ставија во креветот во возилото на брзата помош“ - се присетува Розали.

Докторите кажале дека раните на Розали брзо ќе зараснат и дека таа наскоро ќе може да си оди дома.

„Кажаа дека ќе може да си одиме дома за два или три дена. Ни кажаа и дека морале да ја набљудуваат неколку дека и дека сѐ ќе биде во ред“ - кажа Ајлин.

Розали се чувствувала добро еден ден по несреќата, но следниот ден добила висока температура и била многу тивка, а тоа ги загрижило докторите. Тогаш се случило незамисливото.

„Бевме во чекалната, бидејќи некои пријатели дојдоа на посета. Слушнавме како докторите дадоа знак за узбуна и го кажаа бројот на нејзината соба. Истрчавме до лифтот и некој беше таму, а јас кажав дека е итно и дека ќерката ни умира“.

Во собата имаше многу доктори кои се обидуваа да ја оживеат Розали. Мајката и таткото се молеле за животот на нивната ќерка. Розали оживеала и пренесена во друга болница.

Бенџамин морал да се врати дома, бидејќи на Мајк му било роденден, па така Ајлин останала со Розали.

„Штом стигнавме во другата болница, докторите веднаш понаа да работат на неа. Мораа повторно да ја оживеат. Тогаш му се јавив на Бенџамин, бидејќи не беа сигурни дали ќе ја преживее вечерта“ - сподели Ајлин.

Се испоставило дека срептококната бактерија се проширала низ крвта на Розали и ги исклучувала нејзините органи.

„Тие кажаа дека нема да преживее, а ако преживее, ќе ја очекуваат години на дијализа и најверојатно нема да има никаква мозочна функција, бубрезите ќе ѝ откажат и прашање е каков живот ќе има“ - објасни Ајлин. Бенџамин набрзо пристигнал во болницата и веднаш разговарал со медицинската сестра.

„Ја молев да ми каже дека ќерка ми ќе преживее. Таа кажа дека не може да ми го каже тоа, но дека видела многу болни деца оки се опоравуваат и дека малку болни деца не се враќаат дома. Таа акажа дека само ќерка ми ќе може да ми го каже тоа“ - додаде Бенџамин.

Кога докторите ги прашале родителите дали да ја реанимираат повторно Розали, доколку нејзиното срце застане повторно, тие знаеле што е правилно.

„Кажавме дека не можеме да ја донесеме таа одлука. Ќе веруваме во нашиот Отец на небесата. Сè е е во негови раце и треба само на Него да му веруваме“ - Бенџамин откри што им кажал.

Медицинските сестри дури ѝ пееле и ѝ пуштале музика додека лежела во кревет, без навестување дека ќе преживее.

По некое време, докторите му кажале на семејството дека мора да ѝ ги ампутираат екстремитетите на Розали, доколку сакаат таа да преживее, на што семејството се согласило. Состојбата на Розали набрзо почнала да се подобрува. Неколку месеци подоцна, таа конечно се вратила дома кај своето семејство, без половина од телото и со сосема нова иднина.

Била на физикална терапија и научила да јаде, да плива, да пишува, да се качува и многу повеќе. Таа има само еден одговор на прашањето дали ѝ недостасува поранешниот живот, а тој може да го слушнете во видеото во продолжение:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: