Девојка се излечи од рак и направи нешто што ги расплака сите: „Нејзиното срце е преголемо“ (ВИДЕО)

Девојка се излечи од рак и направи нешто што ги расплака сите: „Нејзиното срце е преголемо“ (ВИДЕО)

Објавена во: Живот // Живот

Ова е доказ дека никогаш не сме доволно стари или млади за да бидеме подобри луѓе

На Роуз Евенсон (9) од Минесота ѝ бил дијагностициран рак на бубрег во четврта фаза кога била мало дете. По макотрпниот третман и лековите за рак, косата ѝ паднала.

Иако во тоа време била премлада за да сфати што се случува, таа чувствувала големо сочувство за децата кои минувале низ она низ што и таа самата поминувала. Таа изразила желба да им помогне.

Роуз сега е пет години без рак и има своја коса која ја растела до денот кога решила да ја истриже за да ја донира на деца без коса.

Нејзината приказна расплака многу луѓе, но и инспирираше милиони луѓе ширум светот.

- Здраво, јас се викам Роуз и имав рак кога имав три години. Тогаш немав коса. Сега мојата коса е многу, многу долга и сакам да ја скратам и да ја споделам со вас. Сега имам 9, скоро 10. Се надевам дека ќе уживаш во периката што ти ја подарив. Можеби еден ден би можела да ја споделиш косата со некој друг. Со љубов Роуз - изјавило малото девојче и ги разнежнила сите.


- Нејзината коса, која повторно порасна, е потсетник на Божјата добрина кон нас на ова не така лесно патување - рекла нејзината мајка

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: