Бараше да се откажам од детето: Милан Поповиќ си ја отвори душата, изнесе шокантни детали од бракот со Северина (ВИДЕО)
Јована Јеремиќ ова утро го угости поранешниот сопруг на Северина Вучковиќ...
Поранешниот партнер на Северија, кралот на бакарот Милан Поповиќ беше гостин во утринската емисијата на ТВ Пинк „Ново јутро“ кај Јована Јеремиќ.
Во таа прилика Милан отворено зборуваше за конфликтот на Северина со сестра ѝ, во кој беше вмешан и тој, но и за односот со пејачката од самиот почеток на нивната врска.
„Решив да се разведам од Северина во 2012 година. Не бев подготвен да се носам со наглите промени во расположението кои таа ги има. Кога решив да се разведеме, таа ми кажа дека е бремена. Сфатив дека морам да останам со неа, не бев за тоа да ја прекине бременоста. Одредив дека мораме да бидеме партнери во родителството, а никаква друга врска не беше можна. Од 2011 година ние се гледавме, јас ја финансирав таа нејзина бременост. Од мене беше побарано да ги компензиран сите тие трошоци, бидејќи таа не можеше да работи. Сѐ се случи брзо. Ние никогаш не живеевме заедно, во принцип се гледавме за викенд, еднаш бевме на Малдивите“ - вели Милан на самиот почеток.
„Почнаа уцените дека ако не бидам емотивно со неа, нема да можам да го гледам детето. Тоа беа некои луѓе од нејзиниот тим. Ми кжаа дека треба да се откажам од детето“ - додаде Поповиќ.