
ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак во емотивен занес
Вага
Покрај своја волја се вплеткавте во различни ситуации, а сега барате излез или некое практично решение. Сочувајте ја присебноста на духот, секој проблем има потенцијално добро решение под услов да прифатите нечиј совет и позитивно влијание.
Шкорпија
Потребна ви е нечија искрена поддршка или личност со која ќе можете да изградите чувство на доверба и емотивна блискост. Внимателно бирајте го друштвото на кое интимно ќе му се доверите. Овој викенд е вистинско време за искрен разговор.
Стрелец
Потрудете се да делувате доволно заносно или „неоддоливо“ во друштво на блиска личност. Навете го партнерот на својот „љубовен избор“. Навистина, секогаш постои начин да го добиете она што го сакате.
Јарец
Забавете го темпото. Поминете го викендот дома со добра книга или филм и „наполнете ги батериите“, бидејќи ве очекува напорна недела.
Водолија
Потребно е да делувате опуштено пред блиска личност поради подобро разбирање. Дозволете му на партнерот да има доминација во вашиот близок контакт.
Риби
Повремено како да го губите разумот или трпението пред една блиска личност, која прави низа работи кои не ви се допаѓаат. Делувате премногу напнато во нечија близина, а неопходно ви е опуштање и одмор.
Можеби ќе ве интересира:
