Италијански боб за кој уште не си слушнала: Изгледа подобро од обичниот

Италијански боб за кој уште не си слушнала: Изгледа подобро од обичниот

Објавена во: Мода // Moj стил

Полуксузна верзија на обичната боб фризура...

Зошто да имаш обичен боб, ако постои подобра верзија? Боб фризурата дефинитивно е една од оние што се хит оваа есен, а сега ти носиме еден нов начин за тоа како да ја скратиш косата.  Иако изгледа дека нема голема разлика во однос на нормалниот боб, изгледа поелегантно и поженствено. Како што пишува магазинот „Glamour“, италијанскиот боб всушност црпи инспирација од други слични фризури, но изгледа полуксузно и пофенси.

фото: Instagram/@alexandrapereira

Она што го карактеризира за разлика од обичниот боб е дека не е во потполност рамно скратена косата, туку изгледа како на врвовите да е степенаста. Поради тоа ќе изгледа како косата да ти е погуста. Должината на ваквиот боб би требало да биде доволно долга за да може да се врзи во мало опавче, но и толку кратка за да не ти доаѓа до рамената

Со оглед на тоа дека станува збор за верзија која изгледа полуксузно, се носи така што краевите на косата се помалку свиткани навнатре. Добро ќе изгледа ако ја носите со патец на средина, а ако ја префрлите косата на левата или десната страна, ќе добиете „messy“ фризура.

фото: antoniodiaz / Shutterstock

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: